Volkan Kaşik
29 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
МАЛАТИЈА (АА) – При земјотресот со јачина од 5,0 степени по Рихтеровата скала, што го погоди местото Хекимхан во турската покраина Малатија, во источниот дел на Анадолија, причинета е материјална штета на станбени и деловни објекти, како и на една џамија, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот се случил во 02:28 часот и предизвикал материјална штета на станбени и деловни објекти во населбите Дурсунлу, Гузелјурт, Јајладами, Сарикиз и Саричичек.
Еден дел од минарето на џамијата во населеното место Гузелјурт се срушил, што предизвикало штета на покривот од џамијата и панелите за соларно напојување.
Екипа од Управата за вонредни состојби при Владата на Република Турција (AFAD) е на терен во проценување на предизвиканата штета.