Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
политикаБалкан

Муцунски: Националните позиции се пред сè, а крајна цел останува полноправно членство во ЕУ

- „Клучно е да има предвидливост во процесот на интеграција. Уште еднаш нагласувам дека апсолутно не сме подготвени да разговараме за прашања поврзани со идентитетот и историјата...“
Dzihat Aliju
31 Јули 2026•Ажурирано: 31 Јули 2026
Белгискиот шеф на дипломатија во Скопје: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
СКОПЈЕ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, истакна дека националните позиции се пред сè, а крајна цел останува полноправно членство во Европската Унија (ЕУ), пренесува Анадолу.

Муцунски во гостувањето во една локална телевизија рече дека Владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите на државата.

Тој нагласи дека цел е решението да биде достоинствено и да обезбеди предвидлив евроинтегративен процес.

Муцунски посочи дека се води активен дијалог со земјите членки на ЕУ, со европските институции и со Бугарија, но, сепак, сè уште не е постигнато решение што би било прифатливо.

„Клучно е да има предвидливост во процесот на интеграција. Уште еднаш нагласувам дека апсолутно не сме подготвени да разговараме за прашања поврзани со идентитетот и историјата. Додека оваа Влада ја води државата, националните позиции ќе бидат пред сè и над сè, а истовремено ќе продолжиме да работиме на внатрешните реформи“, истакна Муцунски.

Во однос на моделот на постепена интеграција, тој оцени дека е очигледно оти ќе се работи на негово менување, со можност земјите кандидати да добијат повеќе права и пристап до повеќе европски фондови.

„Најзначајно за нас е постепената интеграција да се одвива паралелно со пристапниот процес и крајна цел секогаш да остане полноправно членство во ЕУ“, нагласи министерот.

„Реформите се во интерес на граѓаните и на деловната заедница, но истовремено нè прават покредибилен актер на патот кон ЕУ. Не станува збор за субјективно мислење - сите параметри покажуваат дека сме најдобри во регионот во исполнувањето на реформите“, додаде Муцунски.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Претходно
Албанија ќе испрати четворица штабни офицери во Газа како дел од Меѓународните стабилизациски сили

Албанија ќе испрати четворица штабни офицери во Газа како дел од Меѓународните стабилизациски сили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанските политичари и коментатори го обвинуваат Израел дека предизвикува хаос поради мигрантската криза во Сеута

Зеленски: Русија сака продолжување на конфликтот на Блискиот Исток за да ја ограничи американската поддршка за Украина

Комитетот за администрација на Газа вели дека е подготвен да управува со енклавата по напредокот во прекинот на огнот

Над 40.000 мигранти од Мароко неодамна влегле во шпанската енклава Сеута, покажуваат процените

Приходите од туризмот во Турција достигнаа 25,75 милијарди долари во првата половина од годинава

Стејт департментот се извини откако на настанот за СИДА 2026 беше прикажана погрешно обележана мапа на Африка

Четири тела пронајдени откако лавина погоди 10 алпинисти на Брод Пик

Погледни сè