Furkan Abdula
12 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на посетата на Франција, оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на претседателскиот Кабинет, средбата меѓу Пендаровски и Макрон била реализирана во францускиот главен град Париз.
На средбата се разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји.
Се нагласува дека било разговарано за стратешките определби на Северна Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ) и НАТО, за регионални прашања, како и за проширувањето на ЕУ.
По средбата, претседателот Пендаровски истакнал дека разговорот со претседателот Макрон бил отворен, динамичен, и дека ги слушнал аргументите на претседателот Макрон за неговата одлука на 18-ти минатиот месец да се одложи давањето преговори на Северна Македонија.
Од друга страна, во соопштението се нагласува дека во рамките на посетата на претседателот Пендаровски и делегацијата во Париз, советниците на двајцата претседатели оствариле средба на којашто се разменети мислења и информации за евроинтегративниот процес, регионалната соработка и билатералните односи меѓу двете држави, со цел интензивирање на комуникацијата меѓу двата Кабинета.