Admir Fazlagic
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Рига се сретна со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, две теми беа во центарот на дискусијата: евро-атлантските интеграции на Македонија и соработката меѓу Народна Република Кина и 16-те централно-источни европски земји.
Во однос на првата тема, министрите ја нагласија важноста од македонско членство во НАТО, како фактор за зголемена стабилност во рамки на Југоисточна Европа.
„Во однос на ова, Попоски и Сијарто разговараа за мигрантската криза и потребата за задржување на интензивната соработка меѓу сите земји што се наоѓаат на главната мигрантска рута. Во вториот дел од разговорот на нивната средба, Попоски и Сијарто ги разгледаа можностите за користење на соработката на земјите од Источна и Централна Европа со Кина за подобро инфраструктурно поврзување по должина на главните логистички коридори", соопштуваат од МНР.