Ekip
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека заменикот претседател на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, синоќа остварил телефонски разговор со својот турски колега Мевлут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека во разговорот, Попоски истакнал дека Република Македонија најостро ги осудува сите акти на насилство и терор и изразува поддршка на демократски избраните институции. Воедно, Поповски изразил и сочувство до семејствата на сите загинати и/или повредени во вчерашните настани во Турција.
„Потврдено е дека турските власти работат на враќање на редот и мирот во државата и дека набрзо ќе бидат отстранети сите можни закани”, се истакнува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.