Ivana Ramadanova
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски учествуваше на Самиотот за Западен Балкан во Париз и во таа прилика рече дека покровителството на Франција и на Германија на самитите на високо ниво посветени на земјите од Западен Балкан, се најдобра гаранција за враќање на кредибилитетот на проширувањето и перспективата регионот да стане дел од унијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Веројатно за повеќемина се научени лекциите од минатото, кога Балканот беше извор на нестабилност. Најдобар начин тоа да се избегне повторно, е интегрирањето на цел регион во Унијата", кажа Попоски на сесијата на министрите за надворешни работи.
Тој рече и дека Унијата треба да ја зајакне финансиската помош за регионот, што ќе придонесе за унапредување на инфраструктурното поврзување помеѓу земјите и за зголемување на инвестициите.