İhvan Radoykov
10 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
СОФИЈА (AA) – Премиерот на Бугарија Бојко Борисов предложи подрачјето на Црното Море да биде подрачје на кое нема има ниту војска ниту оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Борисов зборуваше во Старата Загора, каде рече дека добра и исправна војна не постои
„Нека подрачјето на Црното море биде подрачје без оружје, без војска.Нека подрачјето на Црна Гора се прогласи за подрачје без војници, подморници и воени бродови", предложи премиерот на Бугарија Бојко Борисов.
„Ракетите на ова подрачје, воените бродови, подморниците, што ќе допринесат за мирот и благосостојбта на нашите народи?", запраша Борисов кој рече дека е можно да се види присутност на нуклеарните подморници и балистичките проектили.
Борисов најави дека и на европските соговорници ќе им предложи да подрачјето на Црното море се прогласи за "Подрачје ослободено од оружје".
„Нека се развијаттуризмот, нафтните ресурси и природниот гас, дури и рибарството, нека дојдат до благосостојба. Во регионот нека се бараат мостови на приближување. Сето останато може да биде опасно", смета Борисов.