Malik Hasa
28 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
ТИРАНА (АА) - Претседателот на Републиканската партија на Србија, Никола Сандуловиќ, јавно се извини поради српските воени злосторства во Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа изјава Сандуловиќ ја даде денес за време на посетата на главниот град на Албанија, Тирана, на состанокот со претседателот на Републиканската партија на Албанија, Фатмир Медиу и претседателот на Републиканската партија на Косово, Фатон Курти.
Сандуловиќ, во обраќањето во седиштето на Републиканската партија на Албанија, рече: "Денес сме овде во име на српскиот народ, кој во најголем број знае за она што е направено во Косово, и се извинувам на јавноста за сите злосторства. Жал ни е поради тоа што на косовскиот народ, за личните интереси на српските политичари, му се нанесоа толкави големи тешкотии, страдања и крв за да добие слобода и слобода на говор. Честитаме, што по сето она што се има случено, Косово е слободно, независно и суверено. Добрите Срби го знаат ова. Денес целиот свет треба да ја знае оваа вест. Ние како политичка сила имаме за цел официјално признавање на Косово, членството на Србија во ЕУ и НАТО".
Од друга страна, претседателот на Републиканската партија на Албанија, Медиу изрази максимално задоволство за политичката зрелост постигната на Балканот.
Тој рече дека до денес истражувале само за она што ги одвојува, и додаде дека "дојде моментот да го направиме спротивното. Ние имаме повеќе заедничко, а тоа овозможува да живееме во мир едни со други. Дозволете ми да цитирам една реченица - Наместо да ја проколнуваме темнината, да запалиме свеќа за да добиеме светлина".
Медиу, исто така, рече дека "Она што ни е потребно е да го гледаме ова како европска приказна на една земја, членка на НАТО. Ние како Републиканска партија сме достапни за да ги најдеме мостовите на комуникацијата и соработката во регионот. Мислам дека овие предмети се од суштинско значење во моменти на јалови дебати."
Во меѓувреме, претседателот на Републиканската партија на Косово, Курти рече дека "ова е заедничка иницијатива за да ги видиме можностите за соработка во иднина. Да го направиме она што нашите влади и Европската унија, не биле во можност да го направаат. Ова е втора историска средба, првата средба ја имав со мојот колега во Србија, каде што бевме примени од страна на г-дин Сандуловиќ, кој за волја на вистината, нè изненади, не само со приемот туку и со неговите изјави. Нашето пристигнување денес во Тирана, во име на Републиканската партија, е успешна приказна", рече Курти меѓу другото.