Привремени, непотполни резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 61, СДП 53, Мост 19 пратенички мандати
Според досегашните пребројани гласови Патриотска коалиција предводена од ХДЗ освои 61 пратеничко место, Хрватска расте освои 53 пратенички места, Мост 19, ИДС-ПГС4, Милан Бандиќ 365 3, ХДССБ 2 и Жив sид едно пратеничко место
?????
09 Ноември 2015•Ажурирај: 09 Ноември 2015
Претседателот на Државната изборна комисија Бранко Хрватин на прес-конференција одржана точно на полноќ ги соопшти привремените, непотполни резултати од парламентарните избори кои во Хрватска. Според бројот на освоени места во хрватскиот парламент (Сабор) води коалицијата предводена од ХДЗ и ЗДП, како и коалицијата на независните интелектуалци Мост, јавува Anadolu Agency (AA).
Според досегашните пребројани гласови Патриотската коалиција, предводена од ХДЗ, освои 61 пратеничко место, Хрватска расте, предводена од СДП освои 53 пратенички места, Мост 19, ИДС-ПГС4, Милан Бандиќ 365 освои 3, ХДССБ 2 и Жив sид едно пратеничко место.
Уште осум места во Саборот се предвидени за листата на националните малцинства. Хрватин изјави дека до 23,45 часот се обработени 1.385.879 гласачки ливчиња, со 2.979 избирачки места од вкупно 6.678.
“До 23:45 часот обработени се речиси 44,55 отсто избирачки места“, изјави Хрватин и додаде дека излезноста на изборите изнесува 59,95 отсто.