Almir Terzic
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
СПЛИТ (АА) - Собработката во рамките на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) е клучна за понатамошниот развој на мирот, стабилноста и благосостојбата во овој регион, како и за јакнење на соработката во рамките на Јадранско-јонската иницијатива клучна за понатамошен развој на мирот, стабилноста и благосостојбата во регионот, како и за јакнење на поддршката на земјите кандидати за члество во ЕУ оценето е во заедничката изјава, која ја усвоија претседателите и членовите на раководството на парламентот на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција, Хрватска, Италија и Словенија на 14. Конференција на претседателите на прламентите на Јадранско-јонската иницијатива, која денес се одржава во Сплит, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесници на Конференцијата, чиј домаќин беше претседателот на Хрватското собрание Жељко Рајнер, разменија мислења за придонесот на земјите учеснички на Јадранско-јонската иницијатива во севкупниот европски одговор на бегалската криза, како и за дополнителната вредност на парламентарната соработка во рамките на Стратегијата на Европската унија за јадранскиот и јонскиот регион.
Во рамките на раправата за бегалската криза на учесниците им се обрати претседавачот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ Младен Босиќ кој нагласи дека мигрантската криза и бранот на бегалците кои бегаат од војни и сиромаштија, ја потресоа Европа и регионот и ги соочија државите кои се најдоа на рутата на масовното движење на мигрантите со големи предизвици.
Истакнувајќи дека мигрантската криза е паневропски проблем, Босиќ рече дека ниту една европска земја не може самостојно да реагира и порача дека е неопгодна соработка на сите земји на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите членки на Јадранско- јонската иницијатива која, како што наведе, мора да остварат најдобра можна соработка и да пружат меѓусебна помош.
Нагласувајќи дека миграциите на населението среде тешката економска ситуација не го заобиколува ниту регионот на Западен Балкан, Босиќ рече дека е неопходно да се зајакнат стопанските активности и наместо тешките и болните теми од минатото да се сврти кон решавање на еконосмките прашања.
Говорејќи во рамките на сесијата за Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), заменичката на претседавачот на ПС БиХ Борјана Кришто истакна дека целта на таа стратегија која произлезе од позитивното искуство на соработката помеѓу владите од регионот промоцијата на одржливиот стопански раст и општествениот напредок, конкурентноста и поврзаноста на регионот, како и подобра интеграција на државите кои не се членки на ЕУ.
Во работата на конференцијата учествуваат и министерот за надворешни и европски работи на Хрватска Миро Ковач, пратеничката во Европскиот парламент Ивана Малетиќ, генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива Фабио Пиглиапоко.