Kaan Bozdoğan
24 Февруари 2023•Ажурирај: 25 Февруари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Ердоган и Зеленски телефонски разговараа за земјотресите во Туркије и за настаните во врска со Руско-украинската војна која започна пред една година.
Според соопштеното, Ердоган упати благодарност до Зеленски за изразената солидарност со Туркије поради земјотресите кои ја погодија земјата.
Ердоган истакна дека Туркије е подготвена да даде секаков придонес во насока на осигурување примирје, изградба на решение врз основа на преговори и обликувањето на мирот во Руско-украинската војна, која ja одбележа првата годишнина.