Mücahithan Avcıoğlu
27 Август 2025•Ажурирај: 28 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи важноста од развој на домашни системи за воздушна одбрана, особено во услови на актуелни безбедносни предизвици, јавува Анадолу.
„Ниту една земја која не може да развие сопствен систем за воздушна одбрана, не може со доверба да гледа кон иднината соочена со актуелните предизвици“, изјави Ердоган за време на церемонијата по повод поставувањето камен-темелник на одбранбената компанија „Аселсан“ во Анкара.
Тој нагласи дека со системот за воздушна одбрана „Челична купола“, Турција сега ќе биде во „различна лига“ во воздушната одбрана.
Ердоган истакна дека додавањето на три системи за воздушна одбрана со среден дострел ХИСАР и вкупно 21 возило дополнително ќе ја зајакнат одвраќачката моќ на Турција на среден дострел.
Тој исто така нагласи дека Турција ги става системите на својата одбранбена индустрија на располагање на своите пријатели и сојузници и ја зголемува дипломатската ефикасност.