СКОПЈЕ (АА) – Официјалните односи меѓу Турција и Македонија кои имаат корени од минатото, се интензивираа од денот кога Македонија ја прогласи својата независност, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција беше меѓу првите држави што ја призна независноста на Македонија на 6. февруари 1992. година под уставното име, по прогласувањето на независноста на Македонија на 8.септември 1991 година. Исто така, Турција беше првата држава која назначи амбасадор во Македонија.
Турција секогаш ја поддржуваше Македонија во нејзината интеграција во Европската Унија (ЕУ) и НАТО. Турција исто така има дадено поддршка за образованието, здравството, културата, како и за уметноста.
- Придонесот на ТИКА и Институтот „Јунус Емре“ во билатералните односи на двете земји
Повеќе институции, особено Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), како и Институтот „Јунус Емре“, кои работат во повеќе различни области, придонесуваат во државата.
ТИКА, која во Македонија e активнa од 2006 година, досега има спроведено повеќе од 500 проекти во областа на образованието, здравството, инфраструктура и културното наследство.
Од друга страна пак, Турскиот културен центар, институот „Јунус Емре", кој откако се формираше во Скопје, од 2010 година па наваму го запознава и спојува македонскиот народ со турскиот јазик, турската историја, култура, литература и уметност.
Институтот „Јунус Емре” во својата работа, во изминатите шест години во Скопје, организира курс за турски јазик, каде што јазикот го изучуваа повеќе од илјада курсисти, даде свој придонес во односите меѓу двете земји организирајќи различни курсеви, изложби, концерти и конференции. Друга институција која што придонесува на полето на образованието во земјата е Меѓународниот Балкански Универзитет. Универзитот е меѓу успешните образовни институции во земјава со разични додипломски и постипломски програми.
- Економија: Турските компании придонесуваат во Македонија зголемувајќи ја вработеноста
Турските инвеститори се меѓу првите од странските инвеститори кои инвестираат во Македонија, а се вели дека во државата има над 50 турски инвеститори.
Се истакнува дека вкупниот износ на реализираните турски инвестиции изнесува над една милијарда евра, а се вели дека над 10.000 луѓе им е овозможено работно место.
„Туркиш Ерлајнс" со седиште во главниот град Скопје, пред 18 години реализираше два лета неделно во Македонија, додека денеска реализираат два лета дневно.
„Халкбанк" во Скопје, која на македонскиот банкарски пазар влезе 2011 година, со својот млад и способен кадар и технолошка инфрастуркура, успешно напредува во давањето услуги на своите клиенти.
Оваа банка со над 400 вработени и над половина милијарди евра средства продолжува да расте на пазарот, а исто така, дава поддршка на проектите од општествена одговорност.
- Секогаш до Македонија во тешките времиња
Разни институции на Република Турција на граѓаните погодени од поплавите што се случија на 6 – 7 август 2016 година во Скопје и околината, им доделија донации и различен вид хуманитарна помош. Вкупната вредност на донацијата од страна Република Турција испратена досега изнесува повеќе од 850 илјади евра.
На чело со, Турската Полумесечина, Претседателството за управување со кризи и итни случаи (АФАД), ТИКА, многу институции и организации од Турција со помошта дадена до граѓаните погодени од поплавите уште еднаш покажаа дека се до Македононија и граѓаните од Македонија.
- Спортот ги унапредува односите на државите
Спортот е исто така област која само ги потврдува добрите билатерални односи помеѓу Република Турција и Република Макеоднија во сите сфери. Помеѓу турските и македонските клубови од различни спорски дисциплини организирани се бројни пријателски натпревари, меѓу кои вреди да се издвои пријателскиот натпревар помеѓу Работнички и турскиот Фенербахче, по повод јубилејот 70 години од постоењето на скопскиот кошаркарски клуб Работнички.
Исто така, вреди да се спомне информацијата дека кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес ќе организира средба на кошаркарската легенда Петар Наумовски со навивачите по повод „пензионирањето на дресот“, на 9 февруари, на натпреварот од ТХЈ евролигата против Емпорио Армани од Милан.
Предвидено е поранешниот македонски репрезентативец и играч на Анадолу Ефес, на 11 февруари, в сабота, во истата сала ќе се сретне со навивачите на Анадолу Ефес.