Furkan Naci Top
03 Март 2016•Ажурирај: 04 Март 2016
АТИНА (AA) - Не доаѓајте во Европа и не им верувајте на криумчарите. Не ризикувајте ги вашите животи и парите, бидејќи тоа не вреди, им порача на потенцијалните мигранти денес од Атина претседателот на Европската комисија Доналд Туск, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на посетата на Грија Туск се состана со премиерот на оваа земја Алексис Ципрас, а по состанокот одржана е конференција за медиумите.
Туск рече дека Грција е земја која највеќе е погодена со проблемот на бегалците и дека држењето на Грција надвор од Шенгенот ниту на еден начин нема да го реши проблемот на бегалската криза.
Во врска со Заедничкиот акционен план со Турција, Туск порача дека доколку сакаат овој план да успее треба да ги вложат сите напори.
"Бројот на бегалците, за кој моментално сме сведоци, мора да биде намален. Мораме исто така, да го зголемиме враќањето на бегалците кои од Турција преминаа во Грција. Фактот дека вчера се вратени повеќе од 300 бегалци е добар знак", рече Туск.
Премиерот Ципрас рече дека Грција ќе направи се да им помогне на оние кои се наоѓаат во оваа земја, и дека такво нешто го смета за своја обврска. Грчкиот премиер истакна и дека е важна соработката со Турција кога е во прашање бегалската криза.