Fatjon Cuka, Dzihat Aliju, Lejla Biogradlija
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
ТИРАНА (АА) – Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск при работната посета на Тирана се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск на заедничката конференција за новинарите по состанокот истакна дека Европската унија и „коридорот“ на земји од Западен Балкан мора заеднички да делуваат во решавањето на актуелната бегалска криза.
Осврнувајќи се на неодамнешните терористички напади во светот, вклучително и оние во Париз, Туск рече дека моментално нема назнака за никакви терористички напади во Албанија.
„Тероризмот денес е прифатен како една од најголемите потешкотии со кои се соочува нашиот свет“, рече Туск.
Рама рече дека Албанија одлучно чекори кон членството во Европската уинија и дека „правните реформи“ се клуч на тој интеграциски процес. Додаде дека властите во Тирана се желни внимателно да ги исполнуваат сите обврски и одговорности кои ги носи процесот на приближување кон официјален Брисел.
Истакнувајќи дека Албанија не се наоѓа на коридорот на кој поминуваат бегалците кон Европа, Рама кажа дека дека со доаѓање на зимата и снегот и таа земја би можела да стане алтернативна рута на бегалците.
„Спремни сме на секој вид соработка со ЕУ како би допринеле за ублажувањето и решавањето на бегалската криза“, порача Рама.
Туск и Рама денес разговараа и за низа регионални прашања како и за процесот на приближување на Албанија кон ЕУ.