Ahmet Gençtürk
06 Декември 2024•Ажурирано: 09 Декември 2024
Уставниот суд на Романија го поништи вториот круг од претседателските избори закажан за 8 декември и резултатите од првиот круг од изборите на 24 ноември, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Изборниот процес ќе продолжи во целост, со тоа што Владата ќе одреди нов датум за избор на претседател, се вели во соопштението на судот.
Повикувајќи се на извори во судот, телевизијата „Антена3“ објави дека одлуката е донесена откако новите докази покажале дека претседателските избори на 24 ноември биле нерегуларни.
Одлуката на судот следуваше откако Врховниот совет за национална одбрана во средата декласифицираше документи на тајната служба кои покажаа мешање на „државен актер“ во изборниот процес во Романија.
„Документите, исто така, ја открија мрежата зад ултранационалистичкиот независен кандидат Калин Џорџеску“, соопшти телевизијата.