Ekip
11 Август 2018•Ажурирај: 12 Август 2018
БУКУРЕШТ (АА) - Околу 440 лица, вклучувајќи и дваесетина полицајци се повредени за време на протестите во Романија, соопштија државните органи на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Судирот меѓу полицијата и демонстрантите избувна во Букурешт, за време на протестите на десетина илјади Романци кои живеат во странство. На овој начин го изразија незадоволството од работата на својата лево ориентирана влада.
Од Службата за итни случаи во Букурешт соопштено е дека се хоспитализирани 65 лица, вклучувајќи и 9 демонстранти. Нема информации за бројот на лица со сериозни повреди.
Во информациите се наведува дека главно станува збор за повреди на глава и дека има лица кои побарале лекарска помош поради последици од употребата на солзавец. Приведени се повеќе лица.
Има и обвинувања дека навивачките хулигани биле инфилтрирани меѓу демонстрантите, и намерно, од мирни, направиле насилни демонстрации.
Претседателот Клаус Јоханис ја осуди „бруталната интервенција на полицијата“.