Agon Fehmiu
26 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
ПРИШТИНА (АА) - На седницата за избор на претседател на Косово гласаа вкупно 81 пратеник, 27 од гласачките ливчиња се неважечки, 50 гласови доби Хашим Тачи, а додека вториот кандидат Рафет Рама 4, јавува Anadolu Agency (AA).
Тачи е кандидат за претседател според коалицискиот договор на неговата партија и Демократскиот сојуз на Косово на премиерот Иса Мустафа, додека формален противкандидат му е Рафет Рама, исто така од Демократската партија на Косово.
Кандидатот кој ќе добие двотретинско мнозинство гласови од пратениците во првиот или вториот круг, станува нов претседател на Косово. Доколку во првите два круга на гласање ниту еден кандидат не добие двотретинско мнозинство гласови, се оди на трет круг гласање во кој повторно е потребно да гласаат минимум 80 пратеници, но за изборот на претседател е доволно општо мнозинство или 61 глас.