Zülfiya Yakup
26 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
ПРИШТИНА (AA) - Ни во вториот круг на тајното гласање во Собранието не е избран ниту еден од кандидатите за новиот претседател на Косово, бидејќи немаше потребно двотретнинско мнозинство на гласови. Од присутни 81- пратеници, Хашим Тачи, лидерот на Демокртаската партија на Косово доби 64 гласа, додека за Рафет Рама, исто така од ДПК, гласаа 2 пратеници. Неважечки беа 15 гласачки ливчиња, јавува Anadolu Agency.
Поради тоа што ниту еден кандидат не помина, се оди во третиот круг на гласање во кој е потребно просто мнозинство или 61 глас за избор на претседател на Косово.
Во првиот круг на гласање од 81 пратеник, Тачи доби 50 гласови, Рама 4 а 27 беа неважечки ливчиња.
Опозицијата не беше присутна во салата во текот на гласањето, бидејќи поради фрлање на солзавец се исклучени 11 пратеници. По првиот круг на гласање изборната комисија ја напушти пратеникот Илир Деда од Самоопределување, кој ја претставуваше обединетата опозиција.
Според Уставот на Косово, за избор на претседател на Косово потребни се двајца кандидати и потребно е во гласањето да учествуваат најмалку 80 до 120 пратеници на Собранието на Косово, односно двотретинско мнозинство на пратениците. Кандидатот кој ќе добие двотретинско мнозинство гласови од пратениците во првиот или вториот круг, станува нов претседател на Косово. Доколку во првите два круга на гласање ниту еден кандидат не добие двотретинско мнозинство гласови, се оди на трет круг гласање во кој повторно е потребно да гласаат минимум 80 пратеници, но за изборот на претседател е доволно општо мнозинство или 61 глас.
Во текот на првиот круг на гласање пред Собранието дојде до ескалција на судирите. Приврзаниците на опозицијата почнаа да гаѓаат во правец на полицијата и во правец на зградата на собранието и со молотови коктели. Полицијата ги растера демонстрантите со солзавец и со водени топови од центарот на Приштина па се до населението Врањевац. Неколку демонстранти се уапсени.
Полицијата, исто така, го блокираше приодот до шаторите, кои опозицијата ги постави во вторник на платото испред собранието. Полицијата ги претресува шаторите и ги отстранува.