Hakan Ceyhan Aydoğan
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во врска со односите на Турција и Русија, изјави дека економските санкции можат да предизвикаат "трајни последици", јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за руската новинска агенција ТАСС, Чавушоглу повика на укинуање на економските санкции кон Турција.
"Наместо ескалација на тензии, би требало што побрзо нашите односи да ги вратиме на досегашниот колосек, завземајќи мирен став" , рече Чавушоглу.
Потсети на минатомесечниот настан кога рускиот авион беше соборен откако го наруши турскиот воздушен простор.
"Не треба да заборавиме дека овој несреќен инцидент би можел да има трајни последици и да ги загрози односите помеѓу двете земји", изјави турскиот шеф на дипломатијата.
По соборување на авионот, руската страна порача дека ќе уведе економски санкции за Рупублика Турција.
"Ние сметаме дека би било во интерес на двете земји, но и за нивна иднина, повторно да ги размотрат мерките кои се преземани и да ги укинат што е можно порано", рече Чавушоглу, додавајќи дека мерките кои Русија ги најавува "не се втемелени на разумни основи" .
Во врска со тврдењата на одредени руски функционери дека Турција претставува терористичка закана, Чавушоглу нагласи дека неговата земја е сигурна за секој кој се наоѓа во неа.
"Турција е сигурна земја за секого. Би сакал да Ве потсетам дека минатиот месец угостивме 20 светски државници, вклучувајќи го и Владимир Путин, илјадници членови на странските влади и новинари, без ниту еден инцидент", рече Чавушоглу.