Tuğrul Çam
13 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, јавува Aгенција Анадолија (AA).
Според информациите на АА, Чавушоглу и Лавров имале телефонски разговор.
Се дознава дека двајцата министри разговарале за билатералните односи на Турција и Русија, како и за регионалните прашања.