Büşra Nur Bilgiç
13 Декември 2019•Ажурирај: 15 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Британскиот премиер, Борис Џонсон, денес, по прогласувањето на победата на вчерашните парламентарни избори, изјави дека нов референдум за излез на неговата земја од Европската Унија не е возможен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Овие избори значат дека спроведувањето на Брегзит сега е непобитна, неизбежна и недискутабилна одлука на британскиот народ“, изјави Џонсон и додаде:
„Со овие избори, мислам дека ќе ставиме крај на сите мизерни закани за втор референдум.“
Како и претходно, Џонсон вети дека неговата земја ќе ја напушти Европската Унија до 31 јануари.
„Ја напуштаме ЕУ како едно Обединето Кралство и ја враќаме контролата на сите граници, пари, нашата трговија, миграциски систем, давајќи демократски мандат на народот“, истакна Џонсон.
Британската Конзервативна партија вчера победи на генералните избори откако обезбеди повеќе од 326 пратенички места во Долниот дом на Парламентот, според резултатите објавени во 644 од 650 изборни единици.
Ториевците освоија 363 места во Долниот дом на Парламентот.