Besar Ademi
14 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) – Претставниците на четрите најголеми политички партии во Македонија кои ги почнаа преговорите уште вчера попладне, по десет часовни преговори имаа кратка пауза, после што ги продолжијa разговорите во обид да најдат компромис околу отворените прашања од Договорот од Пржино, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, рече дека досега се уште нема конкретен договор, се останува отворено и никој не може да предвиди како преговорите ќе завршат.
„Додека не е готово, не може никој да прогнозира како ќе биде. Би сакале да има договор доколку е тоа можно и затоа сметаме дека е подобро да не се одлагаат овие теми", изјави Шекеринска.
Според извори од преговарачките тимови, кои ги придужуваат амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли, партиите се блиску до финализација на две клучни отворени прашања, прочистување на Избирачкиот список и реформите во медиумте, но сеуште нема конкретен договор.
Како што соопштуваат преговарачите, кои се чуствуваат оптимисти за постигнување на договор, прашањето за прочистување на избирачкиот список веќе е договорено и за 40 илјади глласачи кои СДСМ бараше да се избришат, ќе им се даде одреден рок да се пријават во Државната изборна комисија за да го докажат правото на глас, во спротивно ќе се избришат од Избирачкиот список. Додека за 170 илјади гласачи од дијаспората е разговарано да бидат ставени на посебна листа.
За прашањето на реформите во медиумите се разговара за формирање на регулаторно тело кое ќе ги мониторира и санксионира медиумите за време на изборите. Се разговара и за одржување на избори во текот на декември оваа година, но првенствено да се формира техничка влада која ке има мандат од 100 дена, а доколку се задоцни со формирањето на техничката влада не се исклучува можноста од нејзин шест месечен мандат.
По првата пауза претставниците на политичките партии отидоа од резиденцијата на ЕУ за понатамошни консултации со своите партии, а изјавија дека се оптимисти за постигнување на договор околу двете клучни прашања.По втората пауза, разговорите продолжија по полноќ и не се знае до кога ќе траат.