Kristina Maslareviç
09 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
БЕЛГРАД (AA) – Обвинетиот од Хаг и лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, коментирајќи го утрешното сослушување пред Вишиот суд во Белград во постапката за изручување на Хашкиот трибунал каде кон крајот на месецов ќе му биде изречена пресудата по обвинението за злосторствата против човечноста и кршењето на закоите и обичаите на војување во БиХ и Хрватска и Војводина од 1991 до 1993 година, рече дека ќе се појави пред судот и дека очекува дека ќе дојде голем број на партиски симпатизери, јавува Anadolu Agency.
"Јас таму ќе го изнесам она што имам да го кажам како начин на своето спротиставување на испораката. Што се однесува до мојот став, тој е познат, јас доброволно не одам. Ако одлучат да ме испорачаат, ќе мораат да ме носат, а за тоа што кажав пред судијата, тоа ќе ви го кажам утре по излегувањето од Судот", рече Шешељ на прес-конференцијата.
Запрашан да ја прокоментира изјавата на претседателот на Србија Томислав Николиќ, кој рече дека Србија има свои меѓународни обврски кои треба да ги исполни, Шешељ наведе дека за Србија е голем срам што Томислав Николиќ е нејзин претседател, бидејќи рече дека " се работи за криминалец, корумпиран човек, за човек кој стекнал лажна факултетска диплома, за ниту еден испит не полагал", како и дека неговите изјави не го интересираат.
Во текот на денешната прес-конференција, Српската радикална партија потпиша Повелба за стратешко партнерство и политички сојуз со Словачката национална партија.
Советот за жалби на Хашкиот трибунал издаде налог за изручување на Воислав Шешељ до 31 март, за кога е закажано изрекување на пресудата. Тој од ноември 2014 година се наоѓа на привремена слобода во Србија.
Судењето на Шешељ во Хашкиот трибунал започна 2007 година, а во притвор на Хашкиот суд е префрлен 2003 година. Судењето е завршено 2012 година.