Dildar Baykan Atalay
27 Мај 2022•Ажурирај: 30 Мај 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, истакна дека војната го прекинува протокот на храна од Украина и ја повика Русија што поскоро да ја прекине војната и да го дозволи протокот на храна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Карин Жан-Пјер одговараше на новинарски прашања на дневната прес-конференција што ја одржа во Белата куќа.
Осврнувајќи се на дискусиите за кризата со храна поради Руско-украинската војна, Жан-Пјер рече: „Русија треба итно да ја прекине војната против Украина која ја уништува глобалната безбедност на храната и да го дозволи протокот на храна од Украина.“
Наведувајќи дека Русија е одговорна за актуелната криза со храна, Жан-Пјер рече: „Санкциите на САД или другите земји против Русија не го спречуваат протокот на храна.“
- Ја потврди посетата на американски претставници на Саудиска Арабија
Жан-Пјер, одговорајќи на наводите во американските медиуми дека директорот на Советот за национална безбедност на Белата куќа за Блискиот Исток, Брет МекГурк и државниот потсекретар за енергетика, Амос Хоштајн, биле во тајна посета на Саудиска Арабија поради договорот за нафта меѓу Саудиска Арабија, Израел и Египет, рече:
„Можам да потврдам дека МекГурк и Хоштајн во моментов се во Саудиска Арабија. Властите разговараат за прашања како што се справувањето со дестабилизирачките дејства на Иран во регионот и стабилен глобален енергетски пазар.“
Жан-Пјер додаде дека американскиот претседател Џо Бајден следната недела во Белата куќа ќе ја пречека премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн.