Haydar Hadi
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
БАГДАД (АА) – Во Багдат, главниот град на Ирак се одржа ’Маратон против насилството’, јавува Anadolu Agency (AA).
На маратонот, која започна од улицата Ебу Нуас покрај реката Тигар во Багдад, учествуваа околу 800 лица меѓу кои, освен обични граѓани, имаше и професионални атлетичари.
Иницирани од теророт и насилството што се секојдневие во Багдад, учесниците нагласија дека со овој настан сакаат да испратат ’порака за мир’ кон целиот свет.
Во разговор за АА, академик Д-р. Шеда Џума рече дека, на годинашниот настан присуствува во име на нејзиниот пријател и минатогодишен шампион, Адил Јоро, кој го загубил својот живот во терористички напад во Карада.
„Теророт ни го зеде другарот од нас, ама после него илјадници нови се раѓаат. Нашиот другар трчаше за мир, за мир и загина. Но, тој не умре, денес овде заедно со нас барајќи мир заедно ќе трча. Адил, присуствуваше и на сите неделни демонстрации за ’мир и реформи’. Транспарентите со пораки за мир тој ги подготвуваше“, изјави Џума.
Отворајќи голем постер од минатогодинашниот шампион, Јоро, Џума извикуваше ’мир, мир’.
- „Ние сме изворот на мирот"
Ирачанецот Амар Нуајми, кој исто така учествуваше на маратонот, рече дека сакаат да испратат порака од Багдад до целиот свет, оти „Ирак и Ирачаните се извор на безбедност и мир".
„Ирак е место каде што има мир и спокој уште од старите цивилизации“, додаде Нуајми.
На маратонот, на кој учествуваа лица на возраст од 12 – 60 години, се трчаше на стази од 3, 9 и 21 километри.