Mohammad Sıo
08 Април 2026•Ажурирај: 08 Април 2026
Властите во Бахреин денес соопштија дека земјата била цел на ирански напад набрзо по објавувањето дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, јавува Анадолу.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека тимовите на цивилната заштита успешно го локализирале и изгаснале пожарот што избил во објект што бил цел на нападот, нагласувајќи дека нема пријавени жртви.
Претходно Министерството соопшти дека биле активирани сирените за тревога и апелираше до граѓаните и жителите да останат смирени и да побараат засолниште на најблиската безбедна локација.
Нападите следуваа неколку часа откако Трамп објави дека се согласил „да ги прекине бомбардирањата и нападите врз Иран во период од две недели“.
Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива врз Иран на 28 февруари, во која досега загинаа над 1.400 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што има американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата и нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.