Mohammad Sıo
07 Декември 2023•Ажурирај: 08 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Болницата Ал Ахли во градот Газа го надмина својот капацитет поради големиот број ранети префрлени во оваа институција, рече синоќа портпаролот на Министерството за здравство на Палестина, Ашраф ал Кудра, пренесува Анадолу.
Тој апелираше на меѓународна поддршка и заштита од засиленото израелско бомбардирање.
„Пациентите искрвавуваат до смрт“, објави Ашраф ал Кудра на социјалната мрежа Х.
Ал Кудра додаде дека вложуваат напори за да функционираат во што поголем капацитет на медицинскиот комплекс за прием на ранети.
Според неговите зборови, медицинскиот персонал се соочува со значителни предизвици и потребна им е поддршка и заштита од меѓународните организации.