Büşra Nur Bilgiç Çakmak
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - „Бритиш ервејс“ („British Airways“) денес ги откажа сите летови од и до Кина поради епидемијата на коронавирусот, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Агенција Анадолија (АА)
„Следејќи го советот на Министерството за надворешни работи за патувањето во Кина, ние моментално ги суспендиравме нашите летови до и од Пекинг и Шангај до понеделник, 3 февруари, сè додека не извршиме проценка на ситуацијата“, се вели во соопштението.
Велика Британија вчера ги посоветува своите граѓани да избегнуваат патувања во Кина.
„Поради зголемените патни ограничувања и ситуацијата со јавната здравствена состојба, ве советуваме да не патувате во Кина“, рече секретарот за надворешни работи, Доминик Рааб.
Националната здравствена комисија денес соопшти дека бројот на починати лица во Кина како последица на епидемијата на коронавирусот се искачил на 132 лица.
Во Кина се пријавени 5.974 потврдени случаи на пневмонија предизвикана од коронавирусот, познат како 2019-nCoV. Автономниот регион на Тибет, исто така, објави еден сомнителен случај.
Објавено е дека се сомнева оти 9.239 лица се заразени со вирусот.
Вирусот, кој за прв пат се појави во кинескиот град Вухан, се рашири низ 30 покраини низ земјата.
Десетици случаи се исто така пријавени и во Јапонија, Северна Кореја, Јужна Кореја, Тајланд, САД, Сингапур, Франција, Малезија, Австралија и Виетнам.