Tevfik Durul,Zehra Ulucak
01 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот товарен авион што е испратен да ги евакуира државјаните на Турција, како и лицата државјани на други земји, меѓу кои и на Албанија, поради епидемијата на коронавирусот во Кина, од монголскиот главен град Уланбатор, каде што слета за надополнување гориво, тргна кон Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинарот на АА, Али Мурат Алхас, кој се наоѓа во авионот од типот „A400M“, истакна дека 42-те лица евакуирани од Вухан се во добра здравствена состојба.
Тој информираше дека по околу осумчасовно патување ќе слетаат во Анкара.
Во овој авион, покрај турски државјани, се наоѓаат и државјани на Албанија, Азербејџан и Грузија.
Претходно, турското Министерство за одбрана соопшти дека авионот, под надзор на персоналот на Министерството за здравство, безбедно ги примил турските државјани и државјаните на пријателските земји, и дека полетал од кинескиот град Вухан.