Serdar Dincel
07 Август 2026•Ажурирано: 07 Август 2026
Бројот на повредени во експлозијата што вчера одекна во патнички минибус во сирискиот град Џарамана, во близина на Дамаск, се искачи на 14, а две лица загинаа, соопшти денес сириското Министерство за внатрешни работи, јавува Анадолу.
Според Министерството, тројца од повредените се во критична состојба.
Во објавата на Телеграм се наведува дека надлежните служби продолжуваат со истрагата за да ги утврдат околностите на, како што е наведено, „криминалниот бомбашки напад“.
Министерството ги повика граѓаните „да не подлегнуваат на обидите за сеење раздор или нарушување на граѓанскиот мир“.
Засега ниедна група не презеде одговорност за нападот.