Atila Altuntaş
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската министерка за надворешни работи, Маргот Валстром, истакна дека е потребно да продолжи дијалогот со Турција и додаде дека Шведска ќе продолжи да го поддржува членството на Турција во ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката Валстром во своето интервју за шведскиот весник „Експресен”, потсети на долгогодишната поддршка која Шведска ѝ ја дава на Турција за членство во ЕУ.
„Наместо ембарга и санкции кон Турција, потребно е да се делува во рамките на дијалогот", изјави Валстром, истакнувајќи дека не верува оти воведувањето на санкции кон Турција ќе донесе некаков резултат.
Министерката Валстром рече дека не се согласува со изјавата на премиерот на Австрија, Кристиан Керн, дека „ќе започнат дијалог за престанок на преговорите за членство на Турција во ЕУ" и додаде: „Продолжуваме да ја даваме нашата поддршка за членство на Турција во ЕУ. Ние го поддржуваме продолжувањето на преговорите за членство меѓу Турција и ЕУ".
Зборувајќи за договорот меѓу ЕУ и Турција околу мигрантите, министерката Валстром беше категорична дека договорот треба да продолжи, и за негово понатамошно спроведување потребно е двете страни одново да се сретнат и дадените зборови да ги исполнат.