Erbil Başay
03 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
БЕРЛИН (АА) – Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Германија има 12.700 екстремни десничари склони на насилства, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството, како одговор на прашањето на Слободната демократска партија (FDP), истакна дека во земјата во 2017 година имало околу 24.000 екстремни десничари.
Во одговорот, исто така, се наведува дека 12.700 од нив се склони на насилства, и дека меѓу нив има и такви лица што имаат „наклонетост кон оружје“.
„Екстремните десничари комуницираат преку социјалните мрежи на интернет“, се потенцира во одговорот, и се додава дека овие групи прават пропаганда преку платформите кои ги формираат на интернет.
Во одговорот, исто така, се истакнува дека Организацијата за заштита на Уставот (внатрешната разузнавачка служба) на интернет-просторот контролира стотици страници, профили на десничарските кругови.
Заменик-претседателот на Слободната демократска партија (FDP), Константин Куле, во изјавата за весникот „Ноје ознабрикер цајтунг“ („Neue Osnabrücker Zeitung“) нагласи дека е потребно да се најде нов метод за борба против радикализацијата преку интернет.
За да се спречи екстремно десничарското насилство, Куле истакна дека е потребно да се зголемат вештините во дигиталната област на вработените во државните институции и да се подобри опремата во нив.