Aida Cako
09 Октомври 2025•Ажурирај: 10 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Германската полиција приведе неколкумина демонстранти за време на протестите во Берлин одржани во солидарност со Палестина и Глобалната флотила „Сумуд“, јавува Анадолу.
Според извештаите, некои учесници се влечени по земја при интервенцијата на полицијата да го растури собирот.
Израелските поморски сили нападнаа и запленија бродови на Глобалната флотила „Сумуд“ минатата недела, приведувајќи повеќе од 470 активисти од над 50 земји. Флотилата се обидуваше да достави хуманитарна помош во Газа и да ја пробие израелската блокада на енклавата.
Речиси 18 години Израел спроведува блокадата на Газа, дом на речиси 2,4 милиони луѓе.
Од октомври 2023 година во израелските напади врз Газа убиени се речиси 67.200 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Немилосрдното бомбардирање ја остави Газа во голема мера несоодветна за живот, доведе до глад и ширење на болести.