Kanyshai Butun
08 Мај 2026•Ажурирај: 08 Мај 2026
Државната служба за вонредни состојби на Украина денес извести дека избувнал голем шумски пожар во „забранетата зона“ околу нуклеарната централа „Чернобил“, јавува Анадолу.
Надлежните органи изјавија дека силните ветрови придонеле за брзо ширење на огнената стихија што веќе зафатила површина од над 1.100 хектари.
„Чернобил“ е познат по експлозијата и пожарот во 1986 година, инцидент што предизвика нуклеарна катастрофа од светски размери.
Напорите за гаснење на пожарот во одредени шумски појаси привремено се прекинати поради ризикот од присуство на експлозивни средства, се вели во соопштението на украинската Служба за вонредни состојби.
„Сушата, проследена со силен ветер, како и опасноста од мини во одредени региони, значително ги ограничуваат напорите за гаснење на огнената стихија.“
На терен се испратени тимови на украинската Служба за вонредни состојби, како и специјална опрема и луѓе од други институции што работат заедно за да го изгаснат пожарот и да го спречат неговото натамошно ширење, се наведува во соопштението.
Спасувачките екипи вложуваат максимални напори за спречување на негово натамошно ширење.