Şerife Çetin
04 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
БРИСЕЛ (АА) - Координаторот на Советот на Европската Унија за борба против тероризмот, Жил де Кершов истакна дека откриени се околу 30.000 интернет-страници поврзани со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Де Кершов во разговор со белгискиот весник „Le Soir“, соопшти дека оваа организација има речиси „еден виртуелен калифат“, и како што рече тој, Европската полициска агенција (Европол) соопштила дека ДЕАШ има околу 30.000 интернет-страници.
Тој предуреди дека дури и по елиминирање на заканата на ДАЕШ на терен, оваа организација ќе го продолжи своето влијание преку страниците со пропаганда.
Де Кершов, кој на функцијата координатор за борба против тероризмот се наоѓа од 2007 година, вели дека граѓаните треба да се обучат во рамките на борбата против тероризам.
„Треба да се обучат луѓето со цел откривање на радикалните трендови. Честопати гледав дека семејствата не можат да забележат оти нивните блиски имаат погрешна тенденција“, нагласи Де Кершов.
Како што рече тој, законите на ЕУ не се доволни во однос на борбата против тероризмот. Според него, тоа што не им е дадена надлежност на интернет провајдерите за собирање и складирање информации, сериозно го нарушуваат општиот тек на истрагата.
Земјите-членки на Самитот на лидери на ЕУ, на кој минатиот месец се собраа 28-те членки на ЕУ, се согласија да се преземат потребните чекори зсо цел да се спречи ширењето на терористичките материјали на интернет. Тогаш беше соопштено дека ќе се подготви законска регулатива за развивање нови инструменти кои ќе овозможат автоматски да се откријат материјали од ваков тип.