Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
ИДЛИБ
Жителите на Идлиб, кои ги разгледуваа фотографиите направени од новинарите и фоторепортерите на Агенција Анадолија во Турција и во странство, гласаа за фотографиите од Идлиб, номинирани во категориите „Вести“ и „Живот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во гласањето учествуваше Халит Мисајтиф, таткото на бебето Мухамед, родено без раце.
„Изразувам голема благодарност до турската Влада и Агенцијата Анадолија, кои придонесоа да се рашири гласот за мојот син“, изјави Мисајтиф за дописникот на АА.
Мисајтиф, исто така, додаде: „Им благодарам на сите што придонесоа да се рашири веста за Мухамед. На социјалните мрежи видов дека фотографијата на која се наоѓа мојот син е номинирана. Се надевам дека ќе победи фотографијата со Мухамед.“
Ахмет Девара, исто така, се наоѓа на една од фотографиите кои се номинирани. Фотографијата е направена по нападот на режимот на Башар ал Асад врз градот Маритмисрин во Идлиб.
Девара истакна дека била нападната куќата во која живееле, при што бил погоден во раката.
„Фоторепортерот на АА ја направи мојата фотографија по нападот. Таа фотографија е кандидат за Фотографија на годината. Се надевам дека АА ќе продолжи да ги објавува страдањата на луѓето овде и бруталноста на режимот на Асад“, нагласи Девара.
Ибрахим ес Сах, таткото на Мерјем ес Сах, која има сериозно заболување на кожата поради ретката болест пемфигус, рече: „Фотографијата со ќерка ми е номинирана за Фотографија на годината. Се надевам дека таа ќе победи.“
Заблагодарувајќи се на Агенцијата Анадолија што го пренела гласот на неговата ќерка, таткото Сах нагласи: „Се надевам дека фотографијата со Мерјем ќе победи. Постојат стотици деца како Мерјем на кои им е потребна помош.“