Ikrame Imane Kouachi
24 Септември 2026•Ажурирано: 24 Септември 2026
Сите летови на иранските авиокомпании до Обединетите Арапски Емирати (OAE) се откажани од полноќ, објави денес Иранската студентска новинска агенција (ИСНА), повикувајќи се на портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство, јавува Анадолу.
Агенцијата, исто така, објави дека авионот на релација Техеран-Душанбе бил принуден да се врати на меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран откако Туркменистан не им одобрил на иранските авиокомпании да летаат низ неговиот воздушен простор.
Портпаролот рече дека авионот не можел да слета на својата дестинација бидејќи Туркменистан не издал дозвола иранските авиокомпании да го користат неговиот воздушен простор, поради што бил принуден да се врати во Техеран.