Hakan Çopur
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Сите наводи дека Турција би можела да користи било кој начин освен владеењето на правото за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен се лажни, смешни и неосновани, соопшти Амбасадата на Република Турција во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишанотo соопштение на турската амбасада e напоменато дека водaчот на терористичката организација ФЕТО, Ѓулен, испланирал и наредил обид за државен удар во Турција на 15 јули минатата година, а се очекува САД да го испорачаaт на Турција.
„Турскиот народ е длабоко вознемирен и изненаден со тоа што Фетула Ѓулен, како лице кое стои зад толку тешки злодела пронаоѓа засолниште во САД. За американските институции што подобро да ја разберат одговорноста на ФЕТО во согласност со договорот за реадмисија меѓу двете земји ќе продолжиме со блиската соработка меѓу институциите“, порачано е во соопштението со напомена:
„Како што е соопштено и во март оваа година, сите наводи дека Турција би можела да користи кој било начин освен владеењето на правото за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, се лажни, смешни и неосновани“.
Роберт Келнер, адвокатот на поранешниот советник на Трамп за национална безбедност, Мајкл Флин, ги оцени за лажни и валкани медиумските наводи во кои неговиот клиент се обвинува за различни кривични дела, од киднапирање до мито.
„Wall Street Journal“ (Вол Стрит Журнал) во петокот објави дека Флин и неговиот син имале состаноци со одредени турски официјални лица, а во врска со наводно киднапирање на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, надвор од територијата на САД по цена од 15 милиони долари. „Wall Street Journal“ тврдеше дека тој состанок го истражувал специјалниот обвинител Роберт Мулер, кој ја води и истрагата во врска со Русија.