Ekipa
13 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Мајкл Мулер, градоначалник на главниот град на Германија, положи венец на главниот меморијал на „Берлинскиот ѕид”, со што е одбележана 55-годишнината од почетокот на неговата изградба, што речиси три децении го делеше градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на одбележувањето на годишнината Милер присуствуваше на саботната служба во капелата на „поранешната линија на смртта”, што го делеше Берлин.
Земјата по Втората светска војна беше поделена на капиталистичка Западна Германија и комунистичка Источна Германија.
Во екот на Студената војна, режимот на Источна Германија на 13 август 1961 година започна со изградба на ѕид низ Берлин, за набрзо да се утврди и целата граница.
Sидот го раздвојуваше градот до 9 ноември 1989 година. Најмалку 138 луѓе загинаа на ѕидот во текот на 28-те години, колку што тој го делеше Берлин.