Vesna Besiç
27 Февруари 2016•Ажурирај: 29 Февруари 2016
МОСКВА (AA) - Илјадници граѓани на Русија денес ја одбележаа првата годишнина од смртта на истакнатиот опозиционер и поранешниот премиер на Русија Борис Немцов, кој е убиен на денешен ден минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Собраните граѓани во раце носеа знамиња, транспаренти и фотографии на Немцов.
Непозната група на напаѓачи го уби од огнено оружје на 27 февруари во 23.40, во непосредна близина на Кремљ. Во него се испалени најмалку седум или осум куршуми додека шетал по мостот со пријателка која стасала од Киев. До него пријде автомобил од кој е испукано неколку куршуми од кои четири го погодиле Немцов во грб. Со него се наоѓаше 23-годишната манекенка Ана Дурицка од Киев.