Betül Yürük
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денеска во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) во Женева, а по состанокот, тој порача дека ОН треба да ја поттикнат меѓународната заедница по прашањето за етничкото чистење на муслиманите од Аракан, јавува Аnadolu Agency (АА).
Јилдирим, кој престојува во посета на Соединетите Американски Држави (САД), денеска се сретна со генералниот секретар на ОН, Гутереш, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
По состанокот зад затворени врати, Јилдирим за медиумите изјави дека за време на средбата било разговарано и за регионалните и глобалните прашања.
„Почитуваниот Гутереш истакна дека Турција, и покрај сите резултати што се изродија од нестабилноста околу нашата земја, со големи напори го носи товарот на мигрантската криза. Се разбира, она што ние го очекуваме од сите земји-членки на ОН е, исто така, да ни се придружат“, рече Јилдирим.
Кога станува збор за муслиманите Рохинџа пребегани во Бангладеш, турскиот премиер додаде дека во разговорот со Гутереш истакнал дека е потребно да се овозможи на бегалците од Аракан да им се обезбеди хуманитарна помош во координација со ОН, но исто така, и бегалците да се вратат во својата татковина.
„За време на состанокот порачав дека ОН треба поактивно да работат и да ја поттикнат меѓународната заедница кога станува збор за прашањето за етничкото чистење на муслиманите Рохинџа“, рече Јилдирим.
Тој додаде дека гласот на муслиманите од Аракан слабо се слуша во светската јавност, и оти Турција работи на тоа нивниот глас да се слуша повеќе.
Јилдирим на крајот додаде дека со Гутереш разговарал и за изнаоѓање решение за прашањата во врска со Кипар, Либија, Ирак и Сирија, и дека по тоа прашање е направен многу плодоносен и конструктивен разговор.