Berk Kutay Gökmen
08 Јули 2026•Ажурирано: 08 Јули 2026
Пакистански товарен авион, кој летал од Обединетите Арапски Емирати кон Пакистан, исчезна денес над Арапското Море, соопшти Пакистанската управа за аеродроми, јавува Анадолу.
„Товарниот авион ‘Боинг 737-400’ на компанијата ‘К2 Ервејс’, кој летал од Шарџа за Карачи, исчезна од радарите над Арапското Море, на околу 300 километри западно од Карачи“, се наведува во соопштението.
„Во 21:21 часот по локално време радарот забележал нагло паѓање и промена на правецот на авионот. Потоа контактот со радарот и комуникацијата беа изгубени на околу 155 наутички милји западно од Карачи“, се додава во соопштението.
По инцидентот властите, вклучително и повеќе надлежни агенции, координираа операција за пребарување и спасување на море, со цел лоцирање на исчезнатото летало.
Според изворот, во авионот се наоѓале пет члена на екипажот.