Ayhan Şimşek
08 Јули 2026•Ажурирано: 08 Јули 2026
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се надева оти Самитот на НАТО во главниот град на Турција, Анкара, ќе означи ново поглавје за Алијансата, зајакнувајќи ја соработката и единството меѓу САД и нивните европски партнери, јавува Анадолу.
„Убеден сум дека, почнувајќи од Анкара, ќе видиме нов дух во НАТО – дух што ќе ја направи Алијансата посилна и пообединета“, им рече тој на новинарите по пристигнувањето на местото каде што се одржува Самитот, во Претседателскиот комплекс во Турција.
Тој изјави дека европските членки на Алијансата се подготвени да преземат поголема одговорност и значително ги зголемуваат трошоците за одбраната за да ги исполнат целите утврдени на претходниот Самит на лидерите на НАТО во 2025 година.
„Минатата година во Хаг одлучивме значително да ги засилиме нашите напори во областа на одбраната – и тоа го исполнивме“, рече Мерц, додавајќи дека напредокот ќе биде разгледан за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и другите лидери.
„Ќе го направиме НАТО повеќе европски за да може да остане трансатлантски“, нагласи тој.