Elena Trenchevska Chekovikj
26 Август 2025•Ажурирај: 27 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Поради интензивните напади на израелската армија врз подрачјето на Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, Палестинците се принудени да мигрираат во центарот на градот Газа, јавува Анадолу.
Жителите на Џабалија со запрежни коли и пешки, ретко и со автомобили, бегаат од жестоките напади со најбитните работи што може да ги понесат.
Израел уби речиси 62.700 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.