Ekip
13 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
ПАРИЗ (АА) - Обвинителството на Париз денес соопшти дека под урнатините е извлечено едно тело, со што бројот на загинатите во вчерашната експлозија во пекарницата во Париз се зголеми на четири лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во експлозијата што се случи вчера поради истекување на плин во пекарницата, ранети се десетици лица, а француските официјални претставници истакнуваат дека десет лица се во критична состојба.
Портпаролот на Противпожарната бригада во Париз, Ерик Мулин, во изјава за медиумите изјави дека 30 пожарникари се на терен и дека се трага по можните жртви под деловите од возилата и урнатините.
Локалните официјални претставници соопштија дека луѓето од неколку околни згради биле евакуирани. Привремено сместување е обезбедено за околу 40 лица, додека десетици други привремено се сместени кај пријатели и роднини.