Ekip
18 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
АНКАРА (АА) - По ослободувањето на центарот на Африн од страна на Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија (ССА), според направените кадри од воздух, може да се забележи дека не се причинети оштетувања врз објектите во градот. Од друга страна, во операциите на САД поддржани од ЈПГ/ПКК при ослободувањето на Рака од окупацијата на ДЕАШ, центарот на градот беше претворен во урнатини, а повеќе од 2.000 цивили ги загубија своите животи, јавува Anadolu Agency (AA).
На 6. јуни 2017 година, ЈПГ/ПКК со поддршка на САД ја започна операцијата против ДЕАШ. Рака од ДЕАШ беше ослободен на 17 октомври 2017.
Според снимките што новинарот на АА ги направи при влегувањето во Рака, се забележува дека градот е претворен во урнатини.
Активистите од мрежата „Рака тивко се масакрира“, на 17 октомври 2017 година информираа дека 90 отсто од градот е срамнет со земја.
Сириската мрежа за човекови права на 14 декември 2017 години објави извештај, во кој се наведува дека во операциите во Рака се убиени 2.371 цивил, од кои 562 деца, а околу 450.000 цивили биле приморени да ги напуштат своите домови.
По ослободувањето на Рака од ДЕАШ, припадниците на ЈПГ/ПКК започнаа со грабежи во градот.
Припадниците на терористичката организација започнаа со грабежи, насилно влегувајќи во домовите, деловните простории и јавните објекти. Во исто време ЈПГ/ПКК го спречи враќањето на цивилите, кои поради судирите ги напуштиле своите домови.
Грабежите на куќите и нивното конфискување предизвика реакции од страна на цивилите, што се претвори во судири со терористичката организација.
- Животот во Африн се врати во нормала
Турските вооружени сили (ТСК) и ССА на 20 јануари ја започнаа операцијата за ослободување на градот Африн и шестте области кои спаѓаат под градот, покажувајќи особена чувствителност во акциите за да не му се наштети на цивилното население.
Невооружени и вооружени беспилотни летала на ТСК, ги напаѓаа терорстичките единици, одвојувајќи ги од цивилните цели.
По ослободувањето на центарот на Африн, беспилотните летала на ТСК и АА направија снимки на кои може да се забележи дека не им е нанесена штета на објектите во центарот на градот.
На снимките се забележува како продолжува нормалниот живот во градот, а може да се забележи и учеството на цивилите во сообраќајот со нивните возила.
Оштетените објекти и возила во градот се дело на терористичката организација, што е забележано од страна на беспилотните летала на ТСК. Терористите на тој начин се обидоа пред меѓународната јавност да создадат впечаток дека цел на операцијата Маслинова се цивилни населби.