Esra Kaymak,Kasım İleri
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите американски држави вчера изјавија дека „прв и основен” е фокус заедно со Русија е да се дискутира за одржливи предлози за прекинот на огнот во Сирија, додека Москва вели дека е спремна за заеднички операции против ДАЕШ или ал Нусра.
„Она за што дискутираме сега со Русија се предлозите за одржливиот механизам кој ќе помогнат во поддржувањето и зајакнувањето на прекинот на непријателствата”, во Алепо и Дамаск, изјави портпаролот на Стејт Департментот, Марк Тонер.
Сепак, тој додаде дека САД ќе продолжи со работата и ќе продолжи да ги поддржува напорите на Сириските демократски сили (СДФ) „за да ги поврати териториите одземени од страната на ДАЕШ” како и нејзините напори за победување на групата.
Сојузот на демократски сили е сојуз претежно составен од курдската ПЈД, сириски огранок на терористичката организација ПКК.
Договорот за „прекин на непријателствата” во февруари е постигнат од страна на САД и Русија во обид да се намали петгодишниот судир и да се отвори патот кон мировните преговори во Женева помеѓу режимот и опозицијата.
Изјавата на Тонер дојде откако рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера изјави дека Русија е подготвена да ги усогласи напорите со коалицијата предводена од САД и курдските групи во Сирија.
„Не можам да кажам колку се реални извештаите дека ваквите акции се веќе започнати, но ние сме спремни за таква координација”, изјави Лавров.
Во меѓувреме, Централната Команда на САД потврди дека операцијата е предводена од страна на Сириските Демократски Сили.
„Отсекогаш бевме фокусирани на Рака и на протерувањето на ДАЕШ од нивниот самопрогласен главен град на таканаречениот „Халифат”, соопшти ЦЕНТКОМ за АА.
„Ние ќе ги поддржиме операциите на нашите партнери како и претходно”.
Офанзивата на Рака се фокусира на северната периферија на градот, според командантот на Сириските демократски сили кој беше цитиран на Твитер профилот на групата.
Операциите на Рака влегоа во фокус откако Генералниот командант на Централната Команда на вооружените сили на САД, Џозеф Вотел, тајно ја посети Сирија и се сретна со лидерите на локалните борци во североисточните делови на земјата уништени од војната.
Офанзивата исто така дојде во период кога ирачките сили го опкружуваат Мосул, вториот град по големина во Ирак, кој потпадна под контрола на ДАЕШ во 2014 година, чекор кој изврши притисок врз Рака да ја намали силата на ДАЕШ во Мосул.
Минатата недела, Русија даде предлог на САД да спроведат заеднички воздушни напади против ДАЕШ и Ал Нусра на 25-ти мај.
Меѓутоа, Пентагон соопшти дека не биле официјално известени за рускиот предлог за заедничко дејствување.