Beyza Binnur Dönmez
14 Август 2026•Ажурирано: 14 Август 2026
Руските власти рано утринава соопштија дека 51 беспилотно летало било соборено над Ленинградската Област во текот на ноќта, во напад во близина на Уст-Луга, важен центар за извоз на нафта, јавува Анадолу.
Гувернерот на Ленинградската Област, Александар Дрозденко, на Телеграм соопшти дека властите првично прогласиле опасност од беспилотни летала низ регионот и започнале операциите за противвоздушната одбрана.
Подоцна соопшти дека биле соборени 15 „непријателски“ беспилотни летала, а бројот се зголемил на 37 додека траеле операциите.
Во дополнително соопштение Дрозденко наведе дека вкупно 51 беспилотно летало било соборено над Ленинградската Област.
„Како резултат на оштетувањето, избувна пожар во пристаништето Уст-Луга“, рече тој.
„Екипите започнаа со гаснење на пожарот. Борбените дејства продолжуваат.“
Подоцна гувернерот соопшти дека е отстранета опасноста од беспилотни летала.