Necva Taştan Sevinç
07 Ноември 2025•Ажурирај: 08 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) извршија смртоносен напад врз брод во меѓународните води на Кариби вчера по наредба на претседателот Доналд Трамп, при што беа убиени тројца мажи што американските власти ги опишаа како „наркотерористи“, соопштија денес официјални претставници, јавува Анадолу.
Нападот беше насочен кон брод што, според Министерството за одбрана на САД, бил управуван од означена терористичка организација и бил вклучен во трговија со наркотични средства.
Министерот за одбрана Пит Хегсет на својот профил на американската платформа за социјални медиуми X објави дека при нападот не бил повреден ниеден припадник на американските сили.
„Бродот шверцуваше наркотици на Кариби и беше погоден во меѓународни води“, рече тој.
Хегсет додаде дека слични напади врз наркотерористите ќе продолжат сè додека не престане нивната трговија.
„На сите наркотерористи што ја загрозуваат нашата татковина: Ако сакате да останете живи, престанете да тргувате со дрога. Ако продолжите со трговијата со смртоносни дроги - ние ќе ве убиеме“, изјави тој.